Почеток на електричната револуција на Volvo – доаѓа C40 Recharge (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

За време на специјалниот онлјан настан, Volvo Cars откри дополнителни детали за иднината на својата стратегија за трансформација на компанијата во производител на целосно електрични автомобили. За да се реализира оваа цел до 2030 година, компанијата признава дека има потреба од нови 100% електрични автомобили и за таа цел ги најавува првите детали за вториот (после XC40 Recharge) целосно електричен автомобил – Volvo C40 Recharge.

Целосно новото Volvo C40, чиј борд системот ќе биде Android и ќе ги нуди сите достапни интегрирани услуги на Google, како Google Maps, Google Assistant и Google Play Store. Ќе биде првиот автомобил на брендот, кој е развиен со идејата за екслузивен електричен погон, како и првиот, кој компанијата ќе го продава единствено и само онлајн.

Купувањето ќе биде максимално олеснето со избор меѓу неколку претходно конфигурирани верзии, во комплет со осигурување, услуга, помош на пат и со домашен полнач.

За новото C40 Recharge, од Volvo споделуваат дека ќе ги понуди сите предности на СУВ моделите, но во поелегантна и софистицирана конфигурација.

C40 Recharge

Целосно новото Volvo C40, чиј борд системот ќе биде Android и ќе ги нуди сите достапни интегрирани услуги на Google, како Google Maps, Google Assistant и Google Play Store. Ќе биде првиот автомобил на брендот, кој е развиен со идејата за екслузивен електричен погон, како и првиот, кој компанијата ќе го продава единствено и само онлајн. Купувањето ќе биде максимално олеснето со избор меѓу неколку претходно конфигурирани верзии, во комплет со осигурување, услуга, помош на пат и со домашен полнач.

„C40 Recharge ја претствува иднината на Volvo и демонстрира каде одиме. Тоа е целосно електрично, достапно само онлајн преку практичноста на пакетот за нега и ќе биде достапно за брза испорака. Придобивањето на новото Volvo никогаш не било толку атрактивно“, вели Хенрик Грин, директор за технологија на брендот.

C40 Recharge ќе биде исполнето со два електромотори, а интегрираната батерија ќе биде со капацитет од 78 kWh ќе понуди моќжност за брзо полнење со неопходно време за полнење до 80% од околу 40 минути.

Слободниот опсег на C40 Recharge ќе биде околу 420 километри, но од компанијата објавија дека со следните ажурирања преку воздухот, километражата по секоја веројатност ќе биде зголемена. Производството на C40 Recharge ќе почне во текот на оваа есен.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK