Infiniti се повлекува од Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Премиум брендот Infiniti кој е во сопственост на јапонскиот производител Nissan, се повлекува од Стариот континент пренесуваат француските медиуми.

Infiniti на европскиот пазар беше лансиран пред 10 години со цел Renault-Nissan Алијансата да добие дел од пазарниот удел во премиум сегментот па оттука и дел од моделите на овој бренд се произведуваа во фабриката на Алијансата во Сандерленд (Велика Британија).

Постојат повеќе причина за ваквата одлука, а меѓу најголемате е слабата продажба. Така од 2009 година па се до денес во Европа се продадени одвај 60 илјади автомобили, додека во САД во истиот период се продадени нешто повеќе од 1 милион Infiniti автомобили. Како причина се наведува и излегувањето на Велика Британија од Европската Унија со што е планирано да се намали производството во фабриката во Сандерленд.

Се очекува во наредниот период оваа одлука и официјално да биде потврдена од европската дивизија на Nissan.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK