Peugeot на три тркала во лимитирана серија

ОБЈАВЕНО НА:

Брендот Peugeot Motocycles го претстави новиот модел, а се работи за скутер Metropolis Ultimate на три тркала. Возило во ограничено издание и се нуди во две варијанти: Ultimate Sport и Ultimate Business. Peugeot Metropolis Ultimate Sport се нуди и во новата комбинација на бои „црно-бело“ со нов микс од бои и материјали: мат црно, високо сјајно црно и сребрено бело.

Машината има црн металик однапред и одзади, нови дизајнерски елементи, 13-инчни бандажи, аеродинамичка решетка и кратко ветробранско стакло , кои се комбинираат со легендарниот дизајн на Peugeot Metropolis, за да го направи Ultimate Sport многу посебен партнер за секојдневно возење.

Елегантната верзија на Ultimate Business ќе го транспортира возачот удобно и со стил од еден до друг бизнис состанок, со оглед на тоа што лесно се снаоѓа со секаков сообраќаен метеж на патот.

Моделот располага со седиште со чоколадно кафена боја и потпирач за грб, целосен опсег на бисерни бои, класични црни бандажи и високо, транспарентна предно стакло за заштита. Цената во Германија е 9.940 евра.