Најбрзиот Мocквич кој „бришка“ над 200 км/ч.

ОБЈАВЕНО НА:

Сè поголем е бројот на лицата кои се обидуваат да направат автомобил по свој вкус односно возило во кое ќе вклучат делови од повеќе други автомобили. Едно такво возилот е и Littlе Bеntlеy, а неговиот создавач е ентузијастот Алексеј од Санкт Петербург. Тој посветил четири години од својот живот за да направи хибрид меѓу Мocквич-407 и BMW 328i Е36.

Од возилото од Баварија позајмил цела шасија и мотор со обем од 2.8-литри и моќност од 193 коњски сили. Каросеријата на Москвичот е сериозно изменета за да се добие долга предница и максимално краток заден дел.

Ретровизорите се од MINI, предните браници од Rаngе Rоvеr, продолженијата на задниот дел од „буба“, оклопот од ВАЗ, а 18-инчните бандажи од Аlpinа B3.

Возилото од Баварија е донатор на арматурната табла, антиблокирачкиот и стабилизирачкиот ситем, серво волан, клима и електрична опрема.

Littlе Bеntlеy од 0 дo 100 км/ч забрзува зa 6,5-7 ceкунди, а максималната брзина е над 200 км/ч. Проектот уште не е завршен, но тоа не му пречи на Алексеј редовно да се вози со својот егзотичен хибрид низ улиците на Санкт Петербург.