Lada Niva со 1250 „коњи“ скока до „стотка“ за 2,31 секунда (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

И скромната руска Niva може да се покаже како вистински суперавтомобил, ако се најде во вистинските раце. Таква е и оваа „откачена“ Lada Niva, која располага со убиствена моќност и ги прави за потсмев вистинските супер автомобили.

Надворешноста на автомобилот со ништо не сугерира каков ѕвер е навистина. Можеби има само мали навестувања за нешто лесно проширената трага на тркалата, мали испакнатини на браниците, малку поразлична решетка на ладилникот и огледала. Ништо кое може да ве натера да ја загледате. Сепак, така е додека не почне да работи моторот!

Машината е заедничко дело на украинските тјунери полската компанија VTG и ја носи ознаката Lada Niva LSx Turbo 4×4. Реално погледнато од оригиналната Niva е останато само внатрешноста.

Под предната хауба се наоѓа 6,4 литарски Corvette V8. Моторот е доработен и му е додадено турбо Precision.  Во основната верзија моторот развива максимална моќнос од 1250 коњски сили, но тој може да биде надграден до 2500 коњски сили.

Секако, комплетно изменетата Niva исто така е целосно преработена. Предната оска е од Chevrolet, задниот дел од пикапот Ford, управувачот е позајмен од BMW.

Внатрешноста е максимално едноставна и лесна за целите на презентацијата, но прозорците остануваат отворени. Забрзувањето од место до 100 км/ч со турбо, оваа Niva го прави за само 2,31 секунда, а бариерата од 200 км/ч ја достига за шест секунди!

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK