Hyundai Santa Fe наполни 20 години

ОБЈАВЕНО НА:

СУВ моделот на Hyundai, Santa Fe беше претставен во 2000 година, а сега одбележува 20 години присуство на пазарот насекаде низ светот, а во следната ќе го означи истото и за територијата на Европа.

Од Hyundai споделуваат дека после четири моделни генерации и повеќе од 5.260.000 реализирани примероци низ целиот свет, во текот на летото годинава Santa Fe ќе добие нова и уште подобра верзија, која ќе се одликува со нови електрифицирани погони и сериозни промени во дизајнот и во технологиите.

„Santa Fe беше првото СУВ на Hyundai и е еден од моделите со најдолго присуство како линија, кое го прави основен модел не само на глобален план туку исто така и во Европа. За Hyundai тоа е автомобилска икона, која продолжува да еволуира во однос на дизајнот, технологиите, просторот и удобноста. Со оваа последна еволуција, Santa Fe го потврдува статуот на флагмански модел во нашето СУВ портфолио и дополнително става акцент на нашето наследство кај СУВ возилата, а воисто време продолжува напред сосвојата иновација и електрификација“,вели Андреас-Криштоф Хофман, кој е потпретседател на одделот за Маркетинг и Продукти на Hyundai Motor Europe.

Првата генерација на Santa Fe беше претставена од Hyundai за време на меѓународниот саем во Женева во 2000 година и остана на пазарот до 2006 година. Втората генерација на моделот дебитираше во 2006 година на саемот во Детроит и доведе дополнителни клиенти во производствениот живот, кој продолжи до 2012 година, а третата продолжи поистиот пат до 2018 година.