Електромобилите се „множат“ – веќе ги има милион во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Аналитичарите успеаја да ги пребројат сите автомобили во Европа кои располагаат со електромотор во нивниот погонски систем. Се покажува дека „зелените автомобили“ на Стариот континент успеале да ја надминат бројката од 1 милион. Во оваа бројка влегуваат, како чистите електромобили, така и хибридите. Прогнозите велат дека до крајот на годината бројката ќе порасне до 1.350.000 возила.

Само од јануари до јули годинава биле продените 195.000 електрични возила низ Европа. Во споредба со истиот период од минатата година, продажбата на електрични превозни средства се зголемила за дури 40%. Уште поинтересано е тоа што половина од продадените автомобили се чисто електрични.

Во исто време треба да се одбележи дека општиот дел на електромобилите во Европа не е голем. Според информација на шведската аналитичка компанија EVvolumes, во Европа само 2.0% од продажбите на нови автомобили за првата половина од годината се електромобили.

Во однос на земјите кои најмногу сакаат „зелени автомобили“ е Норвешка во која се забележани 45% од продажбата на електромобили. Германците се веднаш зад нив, а во оваа земја почнува големо преориентирање кон електрични возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK