Stellantis со инвестиција од 100 милиони фунти за производство на електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Велика Британија останува значаен пазар за Stellantis. Доказ за тоа е последната официјална информација од оваа компанија со која се потврди дека во наредниот период ќе се вложат 100 милиони фунти во производство на електрични возила во Велика Британија.

Се работи за инвестиција која ќе биде спроведена во фабриката во Воксол Елсмир Порт, во близина на Ливерпул, на северозападот на Англија, а истата ќе биде наменета за производство на електрични лесни комерцијални возила.

Инвестицијата следи откако Stellantis официјално потврди дека новата генерација на Astra повеќе нема да се произведува во оваа фабрика, а истата ќе биде специјализирана само за комерцијални возила. Ова значи дека наскоро ќе видиме нови електрични модели на комерцијални возила од брендовите на Peugeot, Citroen, Opel и Fiat.

Инаку оваа фабрика уште од 60-те години е во сопственост на Opel, а со купувањето на германскиот бренд од страна на PSA Групацијата, францускиот производител вложи многу пари за реконструкција и прилагодување на оваа фабрика во која се произведени повеќе од 5 милиони возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK