Електричниот Cadillac Lyriq премиерно на 6 август

ОБЈАВЕНО НА:

General Motors го објави датумот за премиерата на електричниот Cadillac Lyriq во кого се вложени многу напори, но и надежи за зголемување на продажбата и конкурирање на Tesla.

Премиерата на овој електричен модел е закажана за 6 август, но при тоа не се открива местото и начинот на спроведување на премиерата.

Од претходно е познато дека овој модел се темели на новата модуларна платформа за електрични автомобили која овозможува погон на предните, задните, но и сите четири тркала. Овој модел ќе ја има и најновата батерија развиена од страна на General Motors, именувана како Ultium која е достапна во верзии од 50 до 200 kWh. Благодарение на истата, автономијата на овој модел ќе изнесува до 645 км.

Цената на овој модел засега останува непозната.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK