Stellantis го „трга“ Fiat 500 за да прави кинески автомобили во својата фабрика

ОБЈАВЕНО НА:

Според агенцијата Ројтерс, Stellantis ја потврдил полската фабрика во Тичи, како производствена локација за кинескиот модел Leapmotor T03.

Моделот Fiat 500 е на пат да ја напушти фабриката Тичи, во Полска, за да отвори пат за производство на Jeep Avenger, Fiat 600 и Alfa Romeo Milano. Но, тоа не е се. Според агенцијата Ројтерс, полската фабрика е идеално место за производство и на Leapmotor T03, кинески електричен градски автомобил.

За потсетување, групацијата предводена од Карлос Таварес поседува 21,2% од кинескиот бренд, со кој го создаде заедничкото вложување Leapmotor International, предводено од Stellantis со 51% од акциите и создадено со цел да ги поседува ексклузивните права за извоз и продажба, како и производство на Leapmotor производи надвор од кинескиот регион.

Leapmotor T03 е долг 3,62 метри, широк 1,65 метри и висок 1,57 метри. Моделот има димензии слични на оние на Fiat 500. Се придвижува од електричен погон кој се состои од литиум-јонски батерии од 41,3 kWh, кои напојуваат мотор поставен напред со моќност од 109 КС и 158 Nm и чиј домет се тврди дека е 280 km.

Според Ројтерс, производството во Тичи би можело да започне летово, користејќи ја таканаречената техника „полу-склопен“ (SKD), која вклучува претворање на делумно склопени комплети во готови возила. На овој начин, производните линии не треба да се прекинуваат, туку само да се подобруваат, што би го скратило времето на испорака. Запрашани од Ројтерс, директорите на компанијата не ги коментираа гласините.

Пристигнувањето на Leapmotor T03 во Tychy ќе се совпадне со збогувањето на Fiat 500 со полската фабрика. Всушност, градскиот автомобил се планира да се приклучи на фабриката Тафрауи-Орано (Алжир).
Што се однесува до фабриката во Торино, гласините велат дека таа би можела да го „произведе“ Fiat 500e во блага хибридна верзија, но не пред крајот на 2025 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK