Renault смета дека ја стигнале хибридната супериорност на Toyota

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota со години важи за бренд кој е многу напред во однос на хибридната технологија, и сите работеа да ја стигнат и да може да бидат во тренд. Француски Renault смета дека тие веќе ја стигнале супериорноста што досега ја имаа јапонците.

Од европската компанија одлучиле да демонтираат најнова генерација на системот Toyota Hybrid Synergy Drive и да видат дали се блиску до нивото што јапонците го имаат постигнато. Она што го заклучиле ги изненади и нив. Иако две децении повеќе го работат тој ситем Toyota веќе не е толку технолошки супериорна во хибридните технологии.

Во Renault откриле дека цената на компонентите е речиси идентична со онаа во нивниот е-технолошки хибриден систем.

Новиот шеф на Renaulet, Лука де Мео вели дека тие се „многу блиски“ до системот на Toyota во областа на хибридните технологии, пренесува Autonews Europe. „Од страната на трошоците, проценуваме дека сме многу близу до Toyota“.

Де Мео вели дека тие не застануваат тука, туку драстично ќе ги намалат трошоците во следните две до три години, а со тоа и крајната цена. Како и да е, електронската технологија е многу слична на системот на Toyota, вклучително и менувачот што го користи јапонската марка под името E-CVT.

Renault не ги споделува своите хибридни технологии со партнерот Nissan. “Тоа е она што го прашав кога стигнав на ова место. Зошто ги немаме истите решенија? Но, историјата е историја”, рече Де Мео, објаснувајќи дека е-технологијата на Рено е повеќе во согласност со европскиот вкус отколку со онаа на Nissan.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK