Србија и Бугарија во војна – каде ќе се гради фабриката на Volkswagen?

ОБЈАВЕНО НА:

Кон средината на ноември минатата година Volkswagen Групацијата донесе одлука да изгради фабрика во некоја од земјите на Балканскиот Полуостров.

Грција, Бугарија, Србија и Романија беа земјите кои влегоа во поширок избор, а како се ближи изборот на локација истиот е смален само на Србија и Бугарија.

Тоа е и поводот за ривалството на овие две земји и нивните официјални претставници од владите кои по секоја цена се обидуваат да го намамат германскиот производител да инвестира во нивните земји.

“Би сакале да се случи тоа, но секако Бугарија е во остра конкуренција со своите соседи” изјави претседателот на германско-бугарската економска комора, Митко Василев. Тој додаде дека на Volkswagen им понудиле две локации и тоа во зоната Кремиковци во близина на Софија како и во индустриската зона Раковски во близина на Пловдив.

Поголема предност има Србија и тоа пред се поради поповолната локација, но и поради фактот што земјата не е во Европска Унија па така има слобода околу давањето на државна помош. Исто така Volkswagen би можеле да инвестираат во Србија и поради фактот што оваа земја има договор за безцаринска трговија со Русија.

И претседателот на Владата на Србија, Александар Вулиќ неколку пати во последниот период потенцираше дека наскоро во Србија дојде голема инвестиција, а српските медиуми наведува дека тоа можеби е Volkswagen. И доколку се случи тоа тогаш ова ќе биде втора голема инвестиција во Србија откако веќе неколку години во Крагујевац твори FCA.

Инаку целта на германскиот производител е да со отворањето на оваа фабрика на Балканот да ослободи дел од производствените капацитети во фабриките во Холандија, Германија и Чешка каде е планирано да се произведуваат електричните автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK