Со Dacia и Renault нема да можете да возите повеќе од 180 км/ч.

ОБЈАВЕНО НА:

Спортските автомобили можат да се возат со брзини и над 250 км/ч., а производителите од безбедносни причини ја ограничуваат максималната брзина на 250 км/ч. Но, некои производители сакајќи да придонесат уште повеќе кон безбедноста решаваат да ја намалат таа брзина на уште пониско ниво.

Најновата вест доаѓа од Renault Group од каде велат дека брендовите Renault и Dacia ќе ја лимитираат максималната брзина на своите возила.

Идните модели на овие два брендови нема да може да постигнат брзина поголена од 180 км/ч. Истото ќе биде овозможено и со автоматскиот систем за контрола на брзината брендиран како Safety Coach кој ќе го прилагодува ограничувањето спрема локалните закони за движење на моторните возила.

Со оваа одлука, францускиот производител ја следи онаа на Volvo од порано годинава кога шведскиот производител соопшти дека ја лимитира брзината на 180 км/ч. “Нашата цел е да нема загинат или сериозно повреден возач или патник во Volvo автомобилите” изјавија тогаш од овој производител.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK