Renault повторно го одложи производството поради коронавирусот

ОБЈАВЕНО НА:

Францускиот производител Renault објави дека повторно го одложува рестартот на производството во својата фабрик во близина на кинескиот град Вухан.

Причината за оваа одлука не е тајна и се однесува на епидемијата од коронавирусот која зазема се повеќе и повеќе жртви во Кина Според најавите на производителот, производството се прекинува до 13 февруари кога се очекува да продолжи со очекуваниот интензитет.

Во оваа фабрика работат околу 2 илјади лица кои во моментов се на принуден одмор, а дел од раководството на фабриката е евакуирано и вратено во Франција.

Слична одлука донесе и раководството на PSA Групацијата кој исто така посеува фабрика во близина на овој град, а пак Skoda забрани службени патувања во оваа азијска земја.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK