Поради предизвик на социјалните мрежи – 12 годишник украл автомобил и возел 160 км

ОБЈАВЕНО НА:

Несекојдневна вест доаѓа од САД – 12 годишно момче го украл возилото на родителите и возејќи поминал низ 3 сојузни американски држави.

Станува збор за момче кое заедно со својот седум годишен другар на 8 декември го украл возилото Range Rover Evoque од своите родители и поминaл околу 160 км пред да биде сопрен од полицијата во Њу Џерси.

Овој противзаконски подвиг го направиле откако за истото биле предизвикани на социјалните мрежи, а условот бил да возат додека не останат без гориво.

За нивна среќа, полицијата не иницираше обвинение, а родителите ќе мора да изберат некоја од понудените парични казни.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK