Ram втора година по ред избран за најдобар бренд на камионети

ОБЈАВЕНО НА:

Ram Truck, дел од FCA Групацијата е избран за најдобар бренд на камионети според U.S. News & World Report.

Оваа награда ја добива втора година по ред и тоа во конкуренција на Ford, Toyota, Chevrolet и другите брендови застапени во оваа категорија на возила.

Мајк Ковал, првиот човек на Ram изјави дека ова признание ја докажува ориентираноста за додадена вредност која им се испорачува на купувачите.

Најзаслужни за оваа награда се камионетите кои се дел од американската понуда, а кои ги вклучува моделите Ram 1500, 2500/3500 Heavy Duty, 3500/4500/5500 Chassis Cab, ProMaster и ProMaster City.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK