Вака би можело да изгледа Renault Clio RS

ОБЈАВЕНО НА:

По премиерата на петтата генерација од популарниот мал градски автомобил Clio, на интернет се појави рендер од RS изведбата на овој модел на Renault.

X-Tomi Design чиј креатор е Клебер Силва е авторот на овој рендер кој го потенцира спортскиот карактер на најпродаваниот автомобил на францускиот производител.

Од она што може да се види од рендерот, впечаток оставаат традиционалните магленки кој доаѓаат на модифицираниот преден браник, страничните прагови, задниот стилски дифузор, кровниот спјлер, а тука се и алуминиумските фелни како и внатрешноста со спортски седишта и управувач. Се шпекулира и дека овој модел ќе располага со 1.8 литарски турбо четирицилиндрен мотор кој се користи кај Alpine A110, а располага со 252 КС.

Покрај RS изведбата, Renault претходно ја најави и хибридната изведба која треба да се појави на почетокот на следната година.

Повеќе за премиерата на Renault Clio прочитајте ТУКА.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK