Suzuki не продава – ама повлекува возила

ОБЈАВЕНО НА:

Иако Suzuki повеќе не продава нови автомобили во САД, сепак се соочува со проблеми поради кои мора да повлече дел од продадените автомобили.

Според Националната Администрација за сообраќај и безбедност (NHTSA), поради проблеми со сензорите за воздушните перничиња издаден е налог до јапонскиот производител со кој се бара повлекување на автомобили продадени на овој пазар во периодот од 2006 до 2013 година.

Со ова погоден е моделот Grand Vitara кој на американскиот пазар се продавше во периодот од 2006 до 2013 година и моделот Kizashi од периодот помеѓу 2010 и 2013 година. При тоа според официјалните податоци со ова повлекување ќе бидат опфатени вкупно 31.302 автомобили.

Засега нема информации од страна на Suzuki за начинот и планот на отстранување на проблемите со воздушните перничиња. Само за потсетување, овој јапонски производител се повлече од американскиот пазар во целост во 2012 година откако прогласи банкрот.