Премиерата е во септември , а веќе има повеќе од 20.000 резервации за VW ID 3

ОБЈАВЕНО НА:

Лидерската позиција која ја има во сегментите на традиционалните автомобили Volkswagen полека, но успешно ја префрла и во сегментите на електрични автомобили.

Најдобар показател за тоа е бројката од 20 илјади засега резервирации кои стигнаа во Волфсбург за електричниот модел ID.3 чија продукциска изведба премиерно ќе биде претставена на саемот во Франкфурт, во септември годинава.

Ова е повеќе од сериозна бројка ако се знае дека првично Volkswagen предвиде овој модел да го произведе во 30.000 примероци. Сега, ќе мора да се размислува и за лансирање на втора серија во фабриката во германскиот град Цвикау.

Продажата цена на овој модел со основното ниво на опременост и најмал капацитет на батеријата изнесува нешто над 30.000 евра, додека оној, со максимален капацитет кој овозможува домет од 420 километри изнесува 40 илјади евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK