И за викенд во Скопје се вози „луди“ – казнети 102 возачи за брзо возење

ОБЈАВЕНО НА:

Тоа што веќе извесен период полицијата врши засилени контроли во сите градови и особено во Скопје некои возачи н его сфаќаат сериозно. Па секојдневно билтените на МВР се полнат со бројки на казнети возачи, од што најголемиот дел се оние што возеле над дозволената брзина.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26 септември) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 266 санкции.

Најмногу казни се изречени за пречекорување на дозволената брзина – 102 прекршоци, а при контролит еоткриени се и лица што возеле без возачка дозвола – 13 лица, управувале нерегистрирани возила – 9, а биле санкционирани и 20 мотоциклисти.

Полицијата напишала и 87 казни за непрописно паркирање а 63 возила се подигнати со пајак. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Дали е рекорд: Во Гостивар полицијата напиша 60 казни за 60 минути

 

ГЛАСАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО

АКО СЕГА БИ КУПИЛЕ АВТОМОБИЛ, ТОЈ БИ БИЛ СО?

дизелски мотор
55.67% | 393 од 706 ГЛАСА
бензински мотор
14.73% | 104 од 706 ГЛАСА
електричен
12.75% | 90 од 706 ГЛАСА
плаг-ин
10.76% | 76 од 706 ГЛАСА
хибрид
6.09% | 43 од 706 ГЛАСА

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK