Полицијата во Хрватска ќе патролира пред трговски центри – Ќе бара деца во возила!

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата во Вараждин најавила дека ќе патролира пред трговските центри и ќе внимаваат дали родителите ги оставаат децата без надзор во автомобилите додека шопингуваат. Причината е што се најавени високи температури и целта на акцијата е да се информираат родителите за последиците од оставање на децата без надзор во возилото и да се поттигне одговорно однесување и почитување на сообраќајните прописи за да се намали страдањето на децата.

Викендите се вообичаено време кога семејствата пазарат, а понекогаш во брзање се оставаат децата во автомобилто со цел родителите побрзо да го завршат пазарењето. Но, на високи температури оставање на деца во автомобил понекогаш може да значи и дехидрирање, бидејќи често истите се затворени внатре беа притоа да има проток на воздух.

Акцијата се спроведува откако во јуни во Книн почина едно четиригодишно дете. Неговиот татко гооставил цел ден во автомобил мислејќи дека детето е во градинка.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK