Италијаните се скапи: Alfa Romeo продаден за 16,7 милиони евра

ОБЈАВЕНО НА:

Неверојатна вест доаѓа од Франција – автомобил Alfa Romeo 8C 2900 B Touring е продаден за точно 16,745,600 евра.

Автомобилот е продаден на аукција организирана од страна на Artcurial која традиционално се одржа и оваа година во Париз, а на која се лицитираат ретро автомобили од целиот свет.

Овој автомобил кој е еден од низата најскапо купени олдтајмери е произведен во 1938 година, а 42 години бил во сопствеништво на колекционерот Жан Мартенза од Холандија. Техничките карактеристики кажуваат дека овој автомобил располага со 2.9 литарски I8 мотор

За потсетување, ист ваков модел од италијанскиот проииводител пред само неколку недели беше продаден за неверојатни 23 милиони евра што го направи најскапо купен Alfa Romeo автомобил.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK