Погледнете го краш тестот на Skoda ENYAQ iV за кој доби пет звездички (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во низата краш тестови спроведени од страна на Euro NCAP се најде и првиот целосно електричен автомобил на Skoda, моделот ENYAQ iV. Очекувано, овој автомобил оствари максимален скор освојуваќи пет ѕвезди.

Најдобар скор овој електричен автомобил кој ќе биде носител на електричната понуда на Skoda, освои во однос на безбедноста на возрасните. Во однос на ова, ENYAQ iV освои скор од 94%. 89% од максималните 100% освои во однос на безбедноста на децата на задната клупа. Во однос на безбедноста на пешаците, овој автомобил освои скор од 71%, а високи 82% во однос на безбедносната асистенција.

Со овој резултат, ENYAQ iV се вбројува не само меѓу најбезбедните автомобили на чешкиот производител, туку воопшто.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK