Поевтинува горивото за 1 денар од ноќеска во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата, коишто ќе стапат во сила од ноќеска на полноќ.

Согласно новиот ценовник, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 23.09.2019 година.

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот
седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 4,35% или за 27,50 $/ тон, кај дизелот има намалување во просек за околу 3,36% или за 20,70 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 3,53% или за 21,35 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 4,12% или за околу 16,20$/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,9670 ден/$ и е за 0,62% повисок од курсот на доларот (55,6238 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка

Следете не и на:

24AUTO NETWORK