Може ли секаков антифриз да се долева во автомобилот?

ОБЈАВЕНО НА:

Постојат три основни типови на течност за ладење кои се означени со индексите G11, G12 и G13. Секој производител го препорачува правилното користење на еден од трите вида, но прашањето е може ли да се мешаат?

Кај првите два вида (G11 и G12) во основата е етиленгликол, кој е разреден со дестилирана вода и различни адитиви. G11 е со сина боја, а G12 со црвена. Денес има хемиски компании, кои го бојат антифризот во различни бои.

Најсовремениот антифриз е G13 и тој се прави на база на пропиленгликол, а во него се додават одново дестилирана вода и различни адитиви. Составот за ладење и кај трите вида е наречен едноатомен алкохол.

Во принцип првите два вида можат да се мешаат, а тоа важи и за G13, но проблемот не доаѓа од главната состојка туку од адитивите. Интеракцијата меѓу нив може да доведе до несакани реакции. На тој начин се добиваат цврсти соединенија кои можат да ги блокираат тенките калеми во ладилникот. Можни се реакции, во кои антифризот ќе загуби дел од неговите ладни својства, па мешањето на црвен, жолт и син антифриз не е пожелно.

Најдобро е да се оди со антифриз препорачан од производителот, а доколку решите да го смените со некој од другите два вида тогаш задолжително треба да го „измиете“ системот за ладење.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK