Направено првото воздушно перниче за детско седиште (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Фирмата Maxi-Cosi има седиште со вградено воздушно перниче кое може да се користи за деца, а е со висина меѓу 61 и 105 сантиметри. AxissFix Air детското седиште е развиено во соработка со компанијата Helit и го содржи системот Isofix за прицврстување и база која се ротира 360 степени поради полесно поставување.

Сепак, најважната карактеристика на ова седиште се двете мали воздушни перничиња во висина на раменски ремен, кој се полни од резервоар со јаглерод-диоксид.

Во случај на судир, сензорите инсталирани во седиштето го активираат воздушното перниче кое се дува за 0,05 секунди.

Во тестот на директен судир каде покрај ова седиште е испитувано и класично детско седиште без перниче, се покажа дека AxissFix Air ја намалува силата која делува на главата и вратот на детето за 55 проценти.

Maxi-Cosi засега нема план да ја прошири употребата на воздушни перничиња на другите модели на седиштата, но се очекува индустријата на седиштата за деца да не запре на ова бидејќи постои потреба децата на различна возраст да се заштитат во случај на суди на автомобилите.

Седиштето на AxissFix Air наскоро доаѓа на британскиот пазад каде ќе лини 550 фунти (635 евра).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK