Ова е најевтиниот електричен автомобил – ќе ви требаат само 12.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Тата во октомври минатата година претстави два мали автомобили – Tiago JTP и Tigor JTP. Сега, по нешто повеќе од половина година индијскиот производител ја претстави и електричната изведба од Tigor.

Станува збор за мал седански автомобил со речиси четири метри должина. Екстериерот и ентериерот во целост е идентичен како и основната изведба. Така во внатрешноста доминираат пластичните елементи, а од опремата, тука се и ABS и EBD системите како и задната паркинг камера.

Електричната изведба доаѓа со електричен мотор кој продуцира до 41 КС. Со едно полнење на батеријата според официјалните податоци може да се помине максимални 142 км, а при тоа, целосното полнење трае околу шест часа.

Tata Tigor EV

Tigor EV е воедно и најевтиниот електричен автомобил воопшто произведен. Во Индија каде и само ќе се продава ќе чини нешто повеќе од 12 илјади евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK