Од следната година автомобилите поскапи за 10% – Британците гневни

ОБЈАВЕНО НА:

Британците полека, но сигурна ја плаќаат цената за излезот од Европската Унија. Така согласност стратегијата за излез и надминување на последиците, од јануари следната година увозните возила ќе се оданочуваат со дополнителни 10%.

Ова практично значи дека увезените возила ќе бидат за 10% поскапи од сега што значи дека 80% од купувачите ќе бидат приморани да платат за 10% повеќе отколку кога Кралството беше дел од големото европско семејство.

Ројтерс пренесува дека британската влада воведува дополнителни даноци не само на возилата, туку и на голем број автомобилски компоненти и други производи за секојдневна потрошоувачка. Со ова на годишно ниво планирано е да се оствари дополнителен приход од стотици милијарди фунти.

Оваа одлука предизвика бројни негативни реакции особено кај оние што се противеа на Брегзитот.

Аналитичарите сметаат дека ова е само еден мал дел од даночните оптоварувања кои ќе бидат воведени во наредниот период. Планирно е и зголемување на данокот на додадена вредност како и други даноци на приход.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK