Италијанскиот премиер може да го спречи спојувањето на FCA и PSA?

ОБЈАВЕНО НА:

Вест број 1 во италијанските и француските медиуми изминатите неколку денови е планот за спојување на PSA Групацијата со FCA. Меѓутоа овој план би можел наскоро да биде во целост изменет откако во целата оваа работа се вмеша и италијанскиот премиер.

Како што пренесува италијанската новинска агенција Beta, Џузепе Конте, премиерот на Италија испратил барање до производителот од Торино во кое се наведува дека FCA ќе мора да даде гаранции дека ќе продолжи со инвестиции во Италија.

“Не можам да го оценам договорот, но она што секако е важно за нас како Влада е да го осигура производството во Италија” изјави меѓудругото Конте.

FCA изминатите неколку години се соочува со проблеми во производството во Италија, па поради тоа имаше и неколку отпуштања на работници и привремено затворање на фабриките. Сега италијанците се плашат дека ефектот на синергија по спојувањето на FCA и PSA ќе доведе до затворање на некои од фабриките на FCA во Италија, а со тоа и отпуштање на илјадници работници.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK