Од 2021 година сите возила во Србија ќе мора да имаат катализатори

ОБЈАВЕНО НА:

Уште една новина во сообраќајот доаѓа кај нашиот северен сосед. Како што пренесува Energetski portal, од 2021 година сите возила во Србија ќе мора да имаат катализатори. Целта на овој новитет е намалување на штетните издувни гасови, а со тоа и придонесување кон заштитата на воздухот и природата.

Добро е познато дека катализаторите придонесуваат за намалување на присуството на јаглерод диоксид, јаглерод моноксид како и други несогорливи честички. Со ова, Владата на Србија планира значително да го намали смогот, особено во зимскиот период и со тоа да се избори кон почист воздух, нешто со што со години наназад бројни градови и општини во Србија имаат проблем.

Законската измена предвидува доколку возилото не поседува катализатор да не може да биде регистрирано, а за оние кои ги возат возилата без катализатор е предвидено парична казна.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK