Истражување покажа: Возењето електромобил е двапати поевтино

ОБЈАВЕНО НА:

Користењето на електромобил е повеќе од двапати поевтино од автомобилите со мотор со внатрешно согорување. Ваков резултат добиле во САД каде што било направено истражување. Истото било финансирано од компанијата Evannex, која е истата фирма што изработува додатоци за моделите на Tesla.

Според резултатите од истражувањето, полнењето на електромобилите во САД чини 485 долари годишно, додека на автомобилите на бензин сумата е 1117 долари за гориво. Сепак, тука има и еден друг момент дека цената на горивото низ државите во САД не е секаде иста.

Авторите на испитувањето стигнале до решение дека најголемата разлика е во Вашингтон и изнесува 372 долари годишно за полнење и 1338 долари за бензин.

Покрај тоа електромобилите имаат и пониски расходи за поддршка. Кај нив нема систем на ауспух и не е потребна смена на маслото, филтри…

Се смета дека резултатите ќе бидат слични и во Европа, со оглед на тоа што во некои држави низ Европа засега има бесплатни станици за полнење.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK