Објавени моторите за новата Opel Corsa

ОБЈАВЕНО НА:

Нешто повеќе од еден месец по премиерата, производителот од Риселхајм и официјално ги претстави моторите со кои Opel Corsa ќе биде достапа во понудата.

Се започнува со 1.2 литарскиот бензински мотор од 75 КС. Со истата кубикажа доаѓаат уште два мотори и тоа од 100 КС со 205 Nm и 130 КС со 230 Nm.

Верзијата од 100 КС доаѓа во комбинација со шест степен рачен менувач, но и со опција за осум степенски атоматски менувач. Помоќната верзија од 130 КС до 100 км/ч ќе забрзува за 8.7 секунди, додека пак максималната брзина изнесува 188 км/ч. Покрај трите бензински мотори, во понудата Opel Corsa ќе биде достапна и со еден дизелски мотор и тоа од 1.5 литарски со 102 КС при 250 Nm обртни моменти.

Инаку новата генерација на Opel Corsa се базира на CMP (Common Modular Platform) платформа која е развиена од страна на PSA групацијата и се користи кај Peugeot 208. Должината изнесува 406 см, ширината 173 см, висината 143 додека пак меѓуоскиното растојание изнесува 254 см.

Повеќе за овој автомобил можете да прочитате ТУКА.
Следете не и на:

24AUTO NETWORK