Kia со тизер го најавува ProCeed

ОБЈАВЕНО НА:

Откако претходно беше претставена новата генерација на Ceed, јужнокорејскиот производител ја најавува спортската изведба ProCeed преку тизер фотографија.

Оваа изведба на Ceed која е надополнение на класичниот хечбек и караванската изведба кои претходно беа премиерно претставени на јавноста, ќе биде претставен во јавноста на специјален настан закажан за 13 септември, додека пак светската премиера ќе ја има на саемот за автомобили во Париз на 2 октомври.

Од тизер фотографијата може да се види дека ProCeed овој пат нема да биде со три врати, а причината за тоа најверојатно е големиот пад во побарувачката на автомобили со три врати. Токму и самото позиционирање, барем од аспект на димензиите, на ProCeed ќе биде помеѓу Ceed и Ceed Sportwagon.

Покрај стандардната опрема која е дел од хечбекот, ProCeed ќе добие и автономија од ниво 2, а во поглед на моторизацијата достапен ќе биде во 1.0 литарски турбобензинец, 1.4 литарски атмосферски бензинец како и 1.6 литарски турбо дизел.

Точниот датум на отпочнувањето на продажбата и почетната цена, се очекува да бидат обелодени на саемот во Париз.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK