Нова тактика: Tesla може да продава и со „нула заработка“ и да опстане

ОБЈАВЕНО НА:

Цените на автомобилите на Tesla постојано се менуваат веќе некое време, и постојано поевтинуваат и тоа е енигма за аналитичарите и инвеститорите во последните месеци. Многу луѓе се прашуваат какви се всушност профитните маржи на компанијата на Илон Маск. И како е можно компанијата да продава така и да опстојува.

Маск вели дека Tesla е единствениот производител на автомобили способен да направи такво нешто, бидејќи во иднина ќе профитира од автономната технологија.

На конференцијата поврзана со приходите во првиот квартал во 2023 година одржан на 19 април, шефот на компанијата, Илон Маск, изјави дека Tesla е подготвена да го жртвува профитот заради поголем обем на краток рок, потсетувајќи дека неговата компанија е посветена на намалување на цените.

Инвеститорите и аналитичарите му поставија на Маск неколку прашања за „кратењето“ на цените, откако компанијата ги намали шест пати само оваа година. Едно од прашањата го поттикна Маск да признае нешто неверојатно. Милијардерот изјави дека Tesla технички може да ги продава своите производи со „нулта добивка“, а компанијата наместо тоа би можела да заработува во иднина преку софтвер за автономно возење.

„Tesla е во уникатно силна стратешка позиција, бидејќи ние сме единствените кои произведуваме автомобили кои технички можеме да ги продаваме со нула добивка засега, а потоа да остваруваме огромни економски профити во иднина преку системи за автономно возење. Никој друг не може да го направи тоа. Не сум сигурен до кој степен некои од вас ќе можат да ја ценат длабочината на она што штотуку го кажав, но тоа е исклучително важно“.

Тој додаде дека Tesla очекува нејзините возила да можат да „генерираат значителен профит преку автономно возење“ со текот на времето, нагласувајќи дека „подобро е да се испорачаат голем број автомобили со помала маржа и затоа да се жнеат наградите во иднина со усовршување на автономните возење во меѓувреме“.

Маск исто така рече дека глобалното производство на Tesla треба да достигне помеѓу 1,8 и 2 милиони единици оваа година, во споредба со 1,4 милиони во 2022 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK