Нова конкуренција на Tesla: Во Кина започна производството на Polestar 2

ОБЈАВЕНО НА:

И покрај пандемијата од коронавирусот, во фабриката во Лукуау во кинеската провинција Женјанг и официјално започна сериското производство од електричниот Polestar 2.

Станува збор за модел кој премиерно беше претставен на почетокот на минатата година. Се базира на CMA платформата која се користи и кај дел од актуелните модели на Volvo, поточно моделот XC40 како и кај моделот Lynk&Co 01, а при тоа овој модел располага со два електро мотори кои заедно развиваат 402 КС и 660 Nm обртаи.

Батеријата која е со капацитет од 78 kWh овозможува со едно полнење помине околу 500 километри што е повеќе од претходно најавуваните 400 километри.

Почетната цена по која се продава овој модел во Кина изнесува 63 илјади американски долари. Истиот овој модел е планирано да се појави и во Европа, но поради короавирусот не е познато кога ќе бидат испорачани првите автомобили.

Тој би требало да биде сериозна конкуренција на Tesla. Во моментов американското возило е вистински хит секаде, а Polestar 2 допрва треба да се појави на патиштата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK