Nissan под закана од казна од 22 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

Регулаторите во Јапонија најверојатно во скоро време ќе му изречат казна од 22 милиони долари на Nissan Motor за погрешно отчитување на финанскисте перформанси на компанијата. Тоа дополнително ќе ја задлабочи кризата на компанијата.

Поранешниот претседател на Nissan, Карлос Гон беше уапсен во Токио во ноември минатата година поради обвинение за финансиски прекршок, вкучувајќи го и тоа дека неколку години по ред декларирал двојно помали доходи од тие кои вистински ги добивал.

За евентуална казна против компанијата во Јапонија се зборуваше уште во јуни годинава. Првично казната се очекуваше да биде речиси двојно поголема од онаа што сега е соопштена. Проиводителот на автомобили презеде чекори за намалување уште пред официјалното разгледување на Комисијата за хартии од вредност (SESC).

Казната се очекува да опфати период од четири години до март во 2018 година. Nissan и SESC засега се без коментар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK