Неделава доаѓа првиот хибрид на Dacia

ОБЈАВЕНО НА:

Dacia го најави првиот хибриден модел во својата гама во форма на најновата понуда во своето портфолио – моделот Jogger. Најдолгата Dacia со електрифициран погон ќе го има своето деби за една недела за време на автосалонот во Париз, а нешто подоцна ќе биде достапен за нарачка во продажните салони на романската марка.

Компанијата не открива многу информации за погонот, но името Jogger Hybrid 140 навестува моќност од 140 коњски сили, што одговара на 1,3-литарскиот благ хибрид што Renault го користи во Arkana, Clio и Captur.

Моќта одговара и на поголемиот класичен хибрид од 1,6 литри со два електромотори, кои исто така ги користат Французите, но веројатно романската компанија ќе се реши на помалиот 1,3-литарски мотор.

За време на изложбата во Париз ќе видиме уште еден интересен модел од Dacia, а тоа е Duster Mat Edition. Компанијата исто така не открива многу за овој модел, освен дека ќе биде достапен во ексклузивна боја која, како што сугерира името, најверојатно ќе биде мат финиш. Моделот ќе биде опремен со 1,3-литарски мотор со 150 коњски сили и автоматски менувач.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK