Мора да се преживее кризата: GM се задолжува со милијарда долари

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најголемите американски производители на автомобили General Motors соопшти дека се задолжува со нешто повеќе од една милијарда американски долари.

Задолжувањето компанијата го спроведува со издавање на комерцијални записи со фиксна каматна стапка чија вредност се проценува на милијарда долари, со можност истата да се зголеми со дополнителни записи.

Од компанијата не наведуваат за какви цели ќе бидат искористени овие финансиски средства, но повеќе од сигурно е за надминување на кризата која ја наруши ликвидноста на речиси сите производители на автомобили.

Но, за разлика од останатите производители, GM во првите три месеци годинава оствари профит од 294 милиони долари со што значително се зголеми вредноста на акциите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK