MItsubishi ја напушта Европа- има пазарен удел од 0,92 отсто

ОБЈАВЕНО НА:

Се погласни се шпекулациите дека Mitsubishi ќе ги напушти пазарите во Европа и ќе се насочи кон Азија и останатите континенти.

Ова произлегува откако Renault-Nissan-Mitsubishi Алијансата во моментов го редифинира бизнис моделот, а при тоа се збори за тоа дека овие три произодители на некој начин ќе си ги поделат пазарите.

Друга причина е и продажбата која е под очекуваното ниво. Моделите SPace Star, ASX, Eclipse и Outlander кои ја сочинуваат понудата на јапонскиот производител минатата година во Европа оствариле вкупна продажба од 144.670 примероци што претставува 0,92% од пазарниот удел.

Официјално, овој производител својата одлука треба да ја претстави до крајот на годината, а во моментов неизвесни се и премиерите кои Mitsubishi ги најави за европскиот пазар, особено новата генерација на Outlander.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK