Мало, мало ама техничарче – Hyundai i10 одличен на тестот “Еленски скок” (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Новата генерација на Hyundai i10 беше дел од тестирањето на тестот “Еленски скок” кој го помина одлично. Овој мал автомобил тестот организиран од шпанскиот сајт km77 го помина од втора со 77 км/ч откако претходно го помина при брзина од 72 км/ч што е повеќе од солиден перформанс.

Целта на овој тест е да се поминат препреките при брзина од 78 км/ч нешто што за многу малку не му успеа на овој модел откако возачот при таа брзина ја закачи пречката.

Со овој резултат Hyundai i10 има подобар перформанс од многу други модели како Seat Leon, Volkswagen Passat, Ford Focus, Toyota RAV4…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK