Даде на „кругче“ возило од 150.000 евра, назад доби… (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од 15-те произведени возила Viper со преработка од Hеnnеssеy Pеrfоrmаns го заврши своето копнено патување откако сопственикот му го даде на својот пријател за да извози еден круг. Три дена претходно овој суперавтомобил беше објавен за продажба од 12.500.000 рубљи (155.771 евра), но после тешкиот удар во дрво дефинитивно ќе може да биде користен само како донатор за резервни делови.

Возачот кој имал 36 години, го уништил автомобилот, а минал без посериозни повреди и покрај силината на ударот. Сопственикот раскажува дека неговиот пријател бил искусен возач, но вакво возило дефинитивно не се дава на секого.

Преработениот Vipеr има богата историја во аматерски и професионални улични трки во Русија. Од Hеnnеssеy го снабдиле со десет цилиндричен 8.4-литарски мотор со два турбокомпресори, а како резултат на тоа фабричките 608 коњски сили биле зголемени на над 1.100.

Во огласот, сепак, моќта на оригиналниот модел е изменета. Причината за тоа е едноставна. Дури при „едвај“ 608 коњски сили данокот е 91.200 рубљи годишно (1.137 евра).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK