Сервисот и продажните салони на Аутомакедонија работат непречено – со зголеми мерки за заштита

ОБЈАВЕНО НА:

Иако со редуциран кадровски потенцијал, поради донесените одлуки и препораки за ослободување на старателите на мали деца и вработените oд листата на најзагрозени категории, остануваме отворени за нашите клиенти и корисници на услугите, се вели во соопштенито на Аутомакедонија.

Од компанијата објаснуваат дека работното време, на сервисните центри во Скопје и Битола (кои ги ценат како исклучително значајни за безбедноста и мобилноста на граѓаните и на институциите со кои имаме долгорочни договори за сервисирање) засега останува непроменето.
И продажните салони го задржуваат истото работно време. Согласно одредбите и препораките на надлежните институции,превземени се бројни мерки за превенција, како за вработените така и за клиентите.

Набавени и поделени се препорачаните заштитни средства и материјали. Просториите редовно се дезинфицираат потенцираат од Аутомакедонија.

Воведен и под контрола е специјалниот режим за безбедност во секојдневната работа и комуникација со клиентите и соработниците. Одложени се сите патувања во странство и посети од странските партнери и соработници. Максимално редуцирани се службените патувања во државата.

Се внимава на бројката на клиенти во нашите салони и приемни одделенија. За таа цел задолжително е закажувањето на термин за сервисирање на тел. 02 3103 130.
Поради агресивноста на вирусот, привремено се запрени тест возењата.
Новите возила се дезинфицираат пред испорака.
Развојот на ситуацијата се следи во континуитет, а ќе се почитуваат одредбите и препораките на надлежните во борбата против глобалната опасност.

Поради одлуката на Владата на Македонија, да се воведе забрана за движење на граѓаните во сабота со почеток од 16 часот, ги известуваме клиентите дека фирмата го скратува работното време во сабота за 1 час.

Поточно, објектите и центрите во сабота ќе работат до 13 часот!