Провери си ги сопирачките и добиј попуст од 15 отсто

ОБЈАВЕНО НА:

Безбедноста на возилото секогаш е на прво место. Тоа го знаат сите, а од Еуроимпекс ви нудат одлична шанса пред почетокот на есента да направите проверка на системот за сопирање и да добиете и 15 отсто попуст.

„Направи пауза и погрижи се за своето возило„ е новата акција од страна на Еуроимпекс, генерален увозник за Peugeot.

Исправни сопирачки го чуват вашиот живот, и го продолжуваат векот на користење н аавтомобилот. Спроведувајте редовни сервиси и проверки на вашето возило, со цел навремена замена на деловите за да можете целосно да уживате во возењето.

Доколку забележите дека вашето возило создава звук на шкрипење од делот на сопирачките, тресење или пак подолготрајно запирање, време е да направите пауза и да се погрижите за вашето возило.

Еуроимпекс нуди одлична можност за сите клиенти, нудејќи промотивна цена на сите делови вклучени во системот за сопирање и на работната рака.

Акцијата е во важност за промотивниот период во рамките на целата овластена мрежа на Peugeot во Македонија и истата е со времетраење до 31.10.2019 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK