Отворен СН Мото Центар – инвестиција вредна 2,4 милиони евра

ОБЈАВЕНО НА:

Новата модерна станица за технички преглед во скопскиот регион СН Мото Центарот викендов беше отворена во Скопје. Ги задоволува највисоките европски стандарди во функција на поголема безбедност во сообраќајот.

СН Мото центарот е инвестиција на СН Осигурителен Брокер АД Битола, вредна 2,4 милиони евра. Центарот е мултифункционален објект од 6.000 м2, лоциран на улица „Калош Дани“ број 22, Момин Поток-Карпош во Скопје.

Располага со 1.847 м2 корисна површина, како и со најсовремена опрема и стручни кадри. Во неговото функционирање се вложени искуството и традицијата на квалитет по кои СН Групацијата е препознатлива.

Црвената лента ја пресекоа првите луѓе на СН Групацијата, Христо Кондовски, Претседател на Одборот на директори на СН Осигурителен Брокер АД Битола и Зоран Пејчиновски, Главен извршен директор на СН Осигурителен Брокер АД Битола.

На свеченото отворање тие порачаа дека визијата е СН Мото Центарот да прерасне во синоним за квалитетна и ефикасна услуга на задоволство на возачите во скопскиот регион во функција на поголема безбедност во сообраќајот.

Покрај технички преглед, возачите можат да ги добијат сите услуги поврзани со регистрација на возила, А-тест, Цемт сертификати, Хомологација, ПТЕУ, Меѓународна возачка дозвола, Полномошно и Пошта. Преку шалтер на СН Осигурителен Брокер АД Битола се нудат и сите видови осигурување, вклучително автоодговорност, зелен картон, патничко и здравствено осигурување.

Тука се нудат и услугите на Центарот за обука на професионални возачи, односно обука и полагање со кои се добиваат сертификати за управител, АДР возач, советник за безбедност и професионален возач. Во СН Мото центарот е сместен и шалтер за издавање на тахографски картички, како и тир карнети и Т1.
Во присуство на голем број гости, соработници и партнери на компанијата, како и вработени во СН.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK