Нема субвенции за нови возила – ама регистрирајте ги колите со странски таблички за 50 отсто помалку давачки

ОБЈАВЕНО НА:

Возилата со странски регистарски таблички ќе можат да се регистрираат во земјава со давачки намалени за 50 отсто. Вака гласи Предлог-законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици, усвоен на денешната владина седница.
Се очекуваат буџетот да се пополни со добра сума на пари откако Законот помине во Собрание. А штом е понуден, сигурно ќе помине.

Кога буџетот е празен тогаш секоја спроведена мерка е истиот за да се наполни. Оние што досега не плаќале ништо, ќе треба да платат половин од сумата, а оние што досега редовно плаќале се ќе продолжат да си плаќаат исто така се. Така испаѓа кога ќе се разгледа добро. Оние што досега ги регистрирале колите во странство, тамуги купиле и оставиле добар кеш, сега ќе добијат попуст за да ги возат тука.

„Оваа поволност ќе важи за сите возила кои влегле во земјава заклучно со 1 октомври 2020 година. Целта на ова законско решение е можност на граѓаните, сопствениците или корисниците да можат да ги регистрираат возилата со странски регистарски таблици на територија на Северна Македонија.
Сопственикот или корисникот на возилото или лицето кое ќе го купи возилото треба да ги има регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседува важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон“, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

И ако буџетот треба да се полни, не мора и улиците да се полнат со старите возила што се возат на странски таблички.
Ваквата одлука повеќе наликува како награда за оние што се шлепаат на своето двојно државјанство и по многу поевтина цена купиле возило во странство и го возат по нашите улици. А казна за оние што се само со македонски пасош и решиле да возат автомобили купени тука и со платени фул давачки.

Секако најголем дел од возилата што би требало да се префрлат на македонски таблички во моментов се купени и регистрирани во соседна Бугарија.

Прашањето е само зошто Владата не размислува за субвенции за нови возила, за еколошки возила. Ако добро пресмета сигурно буџетот ќе биде пополн, а околината почиста. Ќе се ослободиме од кршот, и сигурно ќе се намали загадувањето. Ќе бидеме во тренд со светските трендови. Ќе го обновиме возниот парк… Ќе има многу ќе….и тоа во позитивна смисла.

Засега нема ниту реакција од Комората на увозници на автомобили кои најмногу треба да реагираат на ваквите одлуки на Владата. Додека тие се жалат на високите давачки, на лошата клима, на слабата продажба доаѓа уште еден „удар под појас“, што тие ќе го примар и ќе молчат.

А додека сите молчат, ќе возиме крш и ќе дишеме загаден воздух…..

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK