Ако си доктор или медицинско лице: Бесплатна услуга на сервис за возилата на Ford и на Hyundai

ОБЈАВЕНО НА:

Покажувајќи ја својата општествена одговорност како компанијат, Ми-Да Гранд Моторс реши во периодот што следи да им овозможи бесплатна услуга на сите здравствени работници (доктори и медицински лица). Знаејќи ја нивната ангажираност и напори што ги даваат во периодот кога целиот свет се бори со коронавирусот, од компанијата решија да најдат начин како да им се оддолжат за она што тие го прават.

Ми-Да Гранд Моторс се вклучува во поддршката на здравствените работници кои се овој период на првите линии во борбата со вирусот #Covid19.

МиДа -Гранд Моторс како дел од политиката за општествена одговорност овозможува бесплатна услуга (работна рака) при редовен сервис на возила од брендот Ford за сите доктори/ки и медицински лица.

Ги повикуваме сите кои работат во здравствениот сектор да го закажат својот термин на 02/3073 103 при што нашите специјалисти ќе Ве информираат за сите детали, се вели во објавата на компанијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK