Lamborghini ќе остане без четврти модел во понудата

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот Urus донесе вистинска пресвртница во деловните активности на Lamborghini. По неколкуте години лоши финансиски перформанси, овој италијански производител конечно застана на здрави нозе.

Моделот Urus придонесе за зголемување на продажбата за 51% достигнувајќи продажба од 5.750 нови автомобили минатата година. Поради ова сите очекуваа овој бренд кој функционира во рамките на Volkswagen Групацијата да го воведе својот нов, четврти модел во својата понуда.

Сепак по се тоа нема да се случи и наместо предизвик, италијанскиот производител одбра стабилност. Ова го потврди Федерико Фошини, комерцијален директор во Lamborghini кој во рамките на саемот за автомобили во Њујорк за Motor1 изјави дека во понудата остануваат три модели.

“Во следните две години сметам дека Lamborghini треба да се стабилизира себе си со постоечката понуда од три модели. Ни требаат неколку години да се стабилизираме” изјави Фошини.

Сепак тој не ја исклучи можноста во биска иднина да воведат уште еден SUV и понудат електрификација на моделите како би останале во конкуренција со останатите премиум спортски брендови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK