Кинескиот Олимписки Комитет знае како да ги награди најдобрите – ќе им подари по еден примерок од Hongqi

ОБЈАВЕНО НА:

Летните Олимписки игри во Токио завршија, а сега националните олимписки комитети прават евалуација на нивните настапи, но истовремено и се расфрлаат со најразлични подароци.

Златните медали како да не беа доволен успех сам по себе, па традиционално како и години наназад, поголемите национални олимписки комитети доделуваат парична награда, но и автомобил на освојувачите на некое од одличјата.

Кинескиот Олимписки комитет се одлучи а освојувачите на златен број, 38 на број, да им подари по еден луксузен примерок од автомобилот Hongqi H9 кој го носи епитетот кинески Ролс-Ројс.

Овие спортисти ќе добијат по еден примерок опремен со највисоко ниво на опрема и 2,0 литарски бензински мотор кој продуцира 255 КС.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK