Контрола на МВР: Во Струмица „фатени“ најмногу пијани возачи

ОБЈАВЕНО НА:

Викендот е период кога најмногу луѓе излегуваат и се дружат со пријатели, а притоа се опуштаа па покрај доброто друштво конзумираат и алкохол. Но, притоа забораваат дека кога пиеше не треба да возиш. МВР имаше акција на територијата на цела држава и откри двоцифрен број на возачи кои возле „под гас“.

Вкупно 107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај. Во периодот од 22 од 4 часот наутро спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македонија, при што санкционирани се 107 возачи.

Од нив најмногу на подрачјето на СВР Струмица – 20. Сите добиле прекршочни глоби, а оние што имале многу повеќе алкохол во крвта биле и исклучени од сообраќај. Се соочуваат и со забрана за управување на возила одреен временски период.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK