Кои се најубавите автомобили според читателите на “Auto Motor und Sport”

ОБЈАВЕНО НА:

Читателите на еден од најпопуларните германски и европски магазини за автомобилизам, “Auto, Motor und Sport” традиционално, ги доделија наградите за најубави автомобили.

Наградите се доделуваа во 10 различни категории, однсоно за во секој сегмент беше одбран најубавниот автомобил.

Во сегментот на мини градски автомобили одбран е Abarth 595/695 додека најновата генерација на Audi A1 е избрана за најубава во сегментот на мали авгомобили од B сегментот. Во компактните модели од C сегментот за најубав автомобил избран е Mazda 3.

BMW серија 3 победи во категоријата на средната класа односно D сегментот, а Audi A6 Avant во високата средна класа. За најубав спортски автомобил беше избран Porsche 911 додека во конкуренција на кабриолети Aston Martin DBS Volante.

Награди во соодветните сегменти добија уште и Range Rover Evoque, Porsche Macan и VW Multivan.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK